
Германија и Данска се соочија со дополнителни предизвици поради лошите временски услови во првото полувреме во Дортмунд. Судијата Мајкл Оливер привремено го прекина мечот поради грмотевици, и на крајот двете селекции заминаа на одмор без постигнат гол. Второто осминафинале досега е без промена во резултатот.
Во четвртата минута, Нико Шлотербек постигна гол со удар со глава, но беше поништен поради прекршок во напад.
Германците започнаа фуриозно, но Данска успеа да издржи на почетниот притисок. Потоа, Ериксен се закани од слободен удар, кој сепак заврши во живиот ѕид.
Каи Хаверц имаше шанса на спротивната страна, но не беше прецизен, а пред крајот на првиот дел и Хојлунд се закани, но германската одбрана расчисти во последен момент.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
