
Турскиот Бешикташ најави разделба со поранешниот селектор на Португалија и Полска, Фернандо Сантош.
Сантош, кој беше назначен во јануари, го остава 16-кратниот шампион на четвртото место во турската Суперлига со 48 бода, дури 36 зад водечкиот Галатасарај. Сепак, во последните пет натпревари тимот не успеа да оствари ниту една победа со Сантош и токму тоа е причината за неговиот отказ.
Ако се сметаат и привремените тренери, Фернандо Сантош е шестиот тренер на тимот за оваа сезона. Бешикташ ја започна сезоната со Французинот Валериен Исмаел, потоа се наредија Шенол Ѓунеш, Бурак Јилмаз, Риза Чалибај, Сердар Топрактепе и сега Фернандо Сантос.
Сепак, со ниту еден од нив резултатите драстично не се променија, а во медиумите често се вовлекуваа информации дека одлуките се носат од зад сцената, блиски до раководството.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам

Евро-фудбал
Арне Слот: Многу ни беше потребна оваа победа
