
Италија синоќа ремизираше без голови против Англија, а деби во селекцијата на Роберто Манчини имаше новиот стопер на Јувентус, Федерико Гати.
Интересно е дека до пред четири години, тој воопшто не се занимавал сериозно со фудбал. Работел како ѕидар и столар, а кога ќе му дозволело времето продавал и производи на пазар.
За време на викендите настапувал рекреативно за Вербанија во петтата италијанска лига, но се покажал, па во 2020 година се пресели во третата лига во тимот на Про Патрија.
И токму таму животот на Гати доби сосема поинаков правец. Во Про Патрија беше меѓу најдобрите дефанзивци во лигата, минатото лето го купи Фросиноне од Серија Б за 150.000 евра.
Гати и таму одигра одлично, а Фросиноне остана без плеј-оф за Серија А поради полош сооднос со Перуџа. Но, Гати наредната сезона ќе игра во најсилниот ранг на италијанскиот фудбал, во редовите на Јувентус, со оглед дека Џорџо Кјелини замина, па би можел да има место дури во стартниот состав.
Во пресрет на Лигата на нации, тој доби покана од Роберт Манчини, кој му даде шанса за настап во дресот на „аѕурите“ против Англија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
