Милан и Наполи имаат изненадувачки нов ривал во битката за слободниот агент Флоријан Тован, чија кариера се верува дека ќе продолжи во мексичкото првенство. 28-годишниот крилен напаѓач нема да го продолжи договорот со Олимпик Марсеј, а тој ќе истече на 30 јуни.
За неговиот потпис веќе долго време конкурираше италијанското дуо, а Њукасл Јунајтед размислуваше за негово враќање на “Сејнт Џејмс Парк”.
Сепак, експертот за трансфери на “Скај Италија”, Фабрицио Романо, тврди дека Тигрес пратил понуда за договор до јуни 2026 година. Се чини дека Тован е во напредни преговори и дека ќе прифати преселбата во Мексико, а со тоа, би ги следел стапките на Андре-Пјер Жињак.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













