Капитенот на Шкупи, Бесар Исени, следната сезона нема да ги брани боите на клубот од Чаир. Со спогодбен раскин на договорот тој заминува од клубот.
„По крајот на сезоната, раскинувањето на договорите е една од најтешките фази, бидејќи често се случува клубот и играчите да не најдат заеднички јазик. За време на последните разговори со нашиот капитен Бесар Исени, со спогодбен договор беше одлучено Исени да пронајде друга средина. Бесар Исени ќе остане засекогаш запаметен како една од најголемите икони низ историјата на клубот. Тој дојде на стадионот Чаир на млада возраст, додека неговиот прв професионален договор со клубот беше од 2015 година. По една година помината во тимот на Вардар, Бецко се враќа на Чаир, овој пат носејќи го бројот „10“ на грбот земајќи ја и капитенската лента“, се вели во соопштението на Шкупи објавено на официјалниот сајт.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski