
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, е оптимист во пресрет на уште една пресметка со Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Во вторник навечер на „Бернабеу“ се игра првиот натпревар на двете екипи од полуфиналето на ЛШ.
Пред една година, двата тима се сретнаа во истата фаза од натпреварувањето и победија „кралевите“ со спектакуларен финиш.
„Зошто да се плашиме од нив“, прокоментира Силва за Реал Мадрид по успехот на „граѓаните“ над Лидс.
„Не се работи за амблемот на клубот“ – продолжи Португалецот. – „Да ги немаше овој Реал фудбалерите како Модриќ, Крос, Винисиус или Бензема, немаше да освои ништо. Така што самиот дрес не носи ништо“.
Сепак, Силва појасни дека тој и неговите соиграчи не можат да си дозволат да го сфатат двомечот со актуелниот европски првак.
„Би било глупаво да не го почитуваме Реал, знаејќи што се случи минатата сезона. Сега ќе се обидеме да ги правиме работите поинаку. Сè уште имаме шанси за титулата во Англија и сме во финалето на ФА Купот, но нема да лажам кога ќе кажам дека најголемата цел на сите им е да го подигнеме трофејот во Лигата на шампионите. Тоа е единствениот трофеј што ни недостасува“, истакна Бернардо Силва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal