
Фудбалерот за врска на Португалија, Бернардо Силва, даде емотивен коментар во врска со критиките кон него и соиграчите за за осминафиналниот натпревар од ЕВРО 2024 против Словенија.
Тој призна дека со неговите соиграчи не играле најдобро и не им го понудиле на своите навивачи тоа што го заслужуваат.
„Кога доаѓа јуни за Светско првенство или за Европско, секој мисли дека е селектор. Не се согласувам кога велат дека не играме на доволно добро ниво. Ние сме еден од најдобрите осум тимови во Европа и да стигнеме до четвртфиналето значи дека сме се претставиле како што треба. Можеби не е многу за луѓето дома, но ние завршивме одлична работа, инаку немаше да бидеме во четвртфиналето”, изјави играчот од средниот ред.
Португалија вечерва игра против Франција во натпревар од четвртфиналето на турнирот.
„Франција е голема селекција, но и ние имаме одлични играчи. Знам дека и вечерва ќе покажеме дека сме меѓу најдобрите“, дополни Бернардо Силва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
