Карим Бензема е отстранет од тренинг кампот на Ал-Итихад, а одлуката ја донел лично тренерот на саудискиот клуб, Марсело Галјардо, пишува „Марка“. По мини-одморот што го доби тимот, играчите требаше да се пријават во клупската база во Џеда во петокот, но Бензема не се појавил.
Поради тоа Французинот нема да патува со тимот на подготовките во Дубаи. Претходно тој ги пропушти и последните три тренинзи кон крајот на декември.
Блиски до Бензема за „Марка“ изјавија дека фудбалерот е заглавен на Маурициус поради циклон и не може да се врати во Саудиска Арабија.
Бензема во последно време беше во сериозни проблеми во Ал-Итихад поради слабата форма. Резултатите на тимот се исто така крајно незадоволителни. Во медиумите почнаа шпекулациите дека тој е пред враќање во Европа, а некои побрзаа да го испратат во ПСЖ.
Актуелниот шампион на земјата Ал-Итихад е седмопласиран на табелата по 19 кола, со 25 бода помалку од лидерот Ал-Хилал.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












