
Карим Бензема официјално побара веднаш да ги напушти Ал-Итихад и Саудиска Арабија во целина, пренесе АФП. Напаѓачот објасни дека засега само инсистира на привремена разделба. Во оваа насока, му било понудено да остане во земјата со трансфер во друг клуб, но тој рекол „не“.
Како што е познато, 36-годишниот стрелец не замина на камп со својот тим и остана во Ријад на состанок со раководството за да се разјасни неговата иднина. Французинот беше категоричен дека сака промена и разделба.
Ал-Итихад се обиде да го разубеди нудејќи му позајмица во некој од другите саудиски тимови, но тој одби. Така, единственото нешто што остана на дневен ред е трансфер во клуб надвор од Саудиска Арабија.
Бензема минатото лето го засили Ал-Итихад на слободен трансфер откако му истече договорот со Реал Мадрид.
Засега најсериозен интерес за него покажа неговиот матичен клуб, францускиот прволигаш Лион.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
