
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема нема да игра овој викенд. Бензема заработи мала повреда на скочниот зглоб поради која ќе го пропушти дуелот со Еспањол, но треба да се врати на реваншот со Ливерпул и уште поважно за „Ел Класико“ следниот викенд.
Освен Бензема, натпреварот со Еспањол ќе го пропуштат и Давид Алаба и Ферлан Менди, кои претходно се повредија.
Реал Мадрид мора да го победи Еспањол за да одржи чекор со Барселона, која има девет бода предност на врвот на табелата во Ла Лига.
Барселона е домаќин на Атлетик Билбао в недела, а потоа го пречекува Реал Мадрид следната недела.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Антонио Кандрева стави крај на кариерата
