Евертон ќе му даде уште една шанса на шпанскиот стратег Рафаел Бенитез. Неговото работно место е безбедно со оглед дека се уште има целосна поддршка од сопственикот на клубот Фархад Мошири. Евертон е во многу лоша форма откако освои само два бода на последните осум натпревари.
Тешкиот пораз (1-4) во градското дерби со Ливерпул дополнително го зголеми притисокот кон Бенитез, но тој сепак ќе остане на кормилото. Евертон утре го очекува дуел со Арсенал.
Според информациите од Островот, сопственикот Мошири ќе му обезбеди поголеми финансиски средства на Бенитез за да го засили својот тим во јануарскиот преоден рок. Тројца од четворицата играчи кои пристигнаа на „Гудисон Парк“ летото беа слободни играчи, а Евертон плати отштета единствено за Демарај Греј.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal