
Работнички во 12.коло од Првата фудбалска лига (13 часот) му гостува на Шкупи на Чаир. Искусниот дефанзивец Егзон Белица вели дека атмосферата меѓу „романтичарите“ е одлична по елиминацијата на Шкендија во осминафиналето на Купот, а сезонава веќе имаат и триумф над Шкупи.
„Ова е несомнено тежок натпревар за нас, но максимално сме мобилизирани, а овој тим на Работнички можеби досега и покажа дека подобро реагира кога пред себе има посериозен предизвик. Впрочем, на почетокот на првенството и покажавме дека можеме да победиме и против Шкупи. Доаѓаме по еден жесток натпревар во Купот против Шкендија, а интересно е дека во четвртфиналето ќе се сретнеме повторно со Шкупи. Сега сме фокусирани на првенствената пресметка, Чаир е тежок терен, но истовремено ги нуди и сите услови за надигрување. Верувам дека ќе бидеме на потребното ниво и очекувам наша добра игра и резултат што ни одговара“, изјави Егзон Белица.
Шкупи по одреден период се враќа на Чаир, откако се реновираше теренот. Напаѓачот Кристијан Трапановски вели дека со помош на навивачите бодовите ќе останат дома.

„Имаме уште еден важен натпревар пред нас. Сега се враќаме дома и мислам дека со помошта од навивачите ќе успееме да стигне до посакуваната цел и да ги освоиме бодовите“, изјави Трапановски.
Вардар ја пречекува Брера на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и ќе биде без помошта на повредениот капитен Дарко Мицевски. Александар Васоски кој сега е на кормилото на Вардар, во минатото беше предводник на Брера.
Струга ТЛ гостува во Гостивар и се надева дека ќе успее да стигне до три бода.
Лидерот Шкендија е фаворит во дуелот со Воска во Тетово, а Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе го пречека Тиквеш.
Вчера, Силекс и Брегалница одиграа без голови во Кратово во првиот меч од 12.коло во Првата лига.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 12. КОЛО
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
ШКЕНДИЈА – ВОСКА
ВАРДАР – БРЕРА
ВЧЕРА: СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)
