Фудбалерот за врска на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Џуд Белингам, им целосна доверба во тренерот Чаби Алонсо, и покрај лошата серија во која се наоѓа тимот.
Иднината на Алонсо на тренерската позиција е под сериозно прашање поради незадоволителните резултати на „кралскиот клуб“ од почетокот на ноември. Тимот забележа само две победи во последните осум натпревари во сите турнири.
Последниот пораз на мадриѓани беше од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, кога загубија со 1-2 како домаќини. Ова беше и втор по ред пораз на „Сантијаго Бернабеу“ за тимот на Алонсо, по 0-2 од Селта во Ла Лига претходниот викенд.
„Треба да го прифатиме тоа и да продолжиме напред, да се бориме и да ги подобруваме нашите резултати. Како играч можам да видам дека имаме сè што е потребно во соблекувалната, работeјќи со тренерот секој ден за да ги свртиме работите“, изјави Белингам во интервју по поразот во Лигата на шампионите.
„Имам целосна доверба дека сезоната не е завршена, само затоа што сме во низа на неколку лоши настапи“, додаде 22-годишниот Англичанец.
Реал Мадрид моментно го зазема седмото место на табелата во групната фаза на најсилниот европски турнир со 12 поени и е на шест поени зад лидерот Арсенал. Преостанатите два натпревари во Лигата на шампионите за „кралевите“ се домаќинство против францускиот Монако и гостување во Лисабон кај Бенфика, предводена од поранешниот тренер на Реал, Жозе Мурињо.
Во шпанското првенство, „кралевите“ се на второто место, со четири поени заостанување зад лидерот Барселона, а во претстојното коло гостуваат кај Алавес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













