Connect with us

Белингам ги спаси Англичаните од елиминација во 96.минута (ВИДЕО)

Џуд Белингам е спасителот на Англија, барем кога е елиминацијата во прашање. Фудбалерот на Реал Мадрид постигна гол со ножички во 96.минута од натпреварот и израмни на 1-1 против Словачка, со што осминафиналниот меч оди во продолженија.

Англичаните играат многу лошо, но еден од последните обиди, буквално во англиски стил, им донесе израмнување на резултатот и ги спаси од испаѓање. Вокер изведе аут, Гуехи ја префрли топката со глава, а Белингам со ножички ја испрати топката во мрежата на Дубравка.

Иван Шранц во 25.минута донесе водство за Словачка на овој дуел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови