Реал Мадрид соопшти дека има двајца позитивни на коронавирус, Еден Азар и Кашемиро, кои нема да играат вечерва против Валенсија и заминаа во задолжителен карантин. Сепак, во Белгија постојат сомнежи за намерите на „кралскиот клуб“ и резултатите од тестовите на Covid-19.
Белгијците се сомневаат дека тестовите не се точни, односно обвинуваат дека Реал Мадрид можеби ги „наместил“ резултатите од тестирањето затоа што не сака да го пушти Азар на обврските со репрезентацијата. Овој ноемвриски прозорец е последниот за натпреварувањето во Лигата на нации и Азар е еден од клучните фудбалери на селекторот Роберто Мартинез.
Азар неодамна се врати на терените по повредата и заигра во дресот на Реал Мадрид. Белгијците сметаат дека „кралевите“ стравуваат од нова евентуална повреда на напаѓачот и ја побарале целосната документација за да откријат дали нивниот репрезентативец навистина е позитивен на коронавирусот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski