Белгија имаше лесна задача против Казахстан и на свој терен славеше убедливо со 6-0. Главни ѕвезди на мечот беа Кевин де Бруин и Џереми Доку, кои постигнаа по два гола, додека во листата на стрелци се запишаа и Раскин и Муние.
Шпанија исто така прикажа моќна игра, триумфирајќи со идентични 0-6 на гостувањето кај Турција. Херој на натпреварот беше Микел Мерино со хет-трик, а Педри додаде два погодоци, додека конечниот резултат го постави Феран Торес.
Полска славеше со 3-1 против Финска, благодарение на головите на Кеш, Левандовски и Камински. Германија оствари ист резултат против Северна Ирска – Гнабри го отвори мечот, Прајс израмни, но Амири и Вирц донесоа сигурна победа за „панцерите“.
Словачка дојде до драгоцени три бода на гостувањето кај Луксембург, каде што Томас Риго со погодок во 90. минута обезбеди минимална победа од 0-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













