Брајтон официјално го потврди ангажманот на белгискиот репрезентативец Максим де Кујпер од Клуб Бриж.
24-годишниот лев бек, кој може да игра и како крило, пристигнува за сума од околу 20 милиони евра плус можни бонуси, а потпиша договор на пет години – до јуни 2030 година.
Де Кујпер во последно време се етаблираше и во белгиската репрезентација, за која веќе има 10 настапи и три голови. Тој го постигна голот за Белгија и на мечот против Македонија во Скопје.
Инаку, Белгиецот е дете на Клуб Бриж и одигра 114 натпревари и постигна девет голови за тимот. Со клубот ја освои титулата во сезоната 2023/24, а претходно го освои и Купот на Белгија.
Брајтон претходно го доведе и поранешниот младински репрезентативец на Франција.
Досега во летниот преоден рок, Брајтон ги ангажираше и грчкиот напаѓач Харалампос Костулас, дефанзивците Диего Копола и Оливие Боскали, како и крилниот играч Том Вотсон.
Клубот го продаде Жоао Педро на Челси, а се раздели и со играчот од средниот ред Валентин Барко, кој премина во Стразбур.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













