
Беласица и Победа се спасуваат од најлошото и победуваат како да се во трка за шампионската титула. Беласица ја совлада Шкендија со 2-1 во Струмица, а тимот на Ќатип Османи воопшто не изгледаше шампионски.
Пепи Георгиев во петтата минута донесе водство за Беласица, Егзон Бејтулаи во 64.минута си постигна автогол, а Шефит Шефити намали на 2-1 во 70.минута. Трите бода сепак и припаднаа на Беласица.
Вардар славеше на гости во Ѓорче Петров против Македонија ЃП со 0-1. Бојан Колевски беше стрелец за „црвено-црните“ во 41.минута од натпреварот, а потоа и го потврди триумфот во 88.минута.
Работнички загуби дома од Победа со 1-2. Емил Вијачки во 12.минута ги доведе „романтичарите“ во водство, Баже Илијоски на почетокот на вториот дел не реализира пенал, а потоа дојде пресвртот. Во 74.минута, Трајче Ефремов ја искористи големата грешка на одбраната на домаќинот и израмни на 1-1, а две минути подоцна Ангелче Тимовски погоди за триумф на прилепчани.
Ренова го совлада Силекс со 1-0. Бојан Миовски беше стрелец за „гипсарите“ во петтата минута од дуелот.
Шкупи го совлада тимот на Академија Пандев со 1-0 а стадионот Чаир. Бесар Исени во 86.минута успеа да го пробие бедемот на гостите и да донесе важна победа за Шкупи.
ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 2-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0-2
РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 1-2
РЕНОВА – СИЛЕКС 1-0
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0
Табела: Шкендија 66, Вардар 57, Академија Пандев 47, Шкупи 42, Ренова 39, Работнички 39, Македонија ЃП 35, Силекс 31, Беласица 30, Победа 23.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski