Македонскиот прволигаш Беласица одлучи да го назначи искусниот стратег Васе Беќаров за нов шеф на стручниот штаб. Беќаров, шест години беше тренер на Кожуф, селектор на У-17 репрезентацијата на Македонија, како и селектор на аматерската репрезентација на Македонија.
„Чест, задоволство и голема обврска е да се биде шеф на стручниот штаб и да се води еден клуб со голема традиција и реноме како струмичка Беласица. Благодарност до управата за укажаната доверба и поддршка која ја добив. ФК Беласица заслужува прволигашки статус и ние заедно секојдневно ќе се бориме за тоа“, изјави Беќаров.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













