Connect with us

Белами: Македонија сега загуби убедливо, но имаше и одлични натпревари во квалификациите

Селекторот на репрезентацијата на Велс, Крег Белами, не ги криеше своите емоции по убедливата победа над Македонија со 7-1 во клучниот натпревар од квалификациите за Светското првенство. Тој ги пофали своите фудбалери и истакна дека тие одиграа токму онака како што очекувал.

„Овој тим го покажа она што сакам да го гледам. Видовте колку ни значи да играме на домашен терен, и затоа сум среќен што и првиот бараж ќе играме дома. Бевме речиси совршени, а домашниот терен многу ни помогна. Македонија имаше одлична групна фаза во квалификациите, иако загуби убедливо. На некои натпревари немаа среќа во овој квалификациски циклус. Играа отворено и напаѓачки, и беа добар тест за противниците од третиот шешир со кои ќе се соочиме“, рече Белами.

Велс со триумфот заврши на втората позиција на табелата и ќе има условно полесен пат во плеј-офот за пласман на Светското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови