
Шкендија беше во добитна позиција против Гостивар, имаше водство од 2-0, но во финишот дозволи со два гола од пенал гостите да стигнат до 2-2. За тетовскиот тим тоа беше неочекуван удар во трката за шампионската титула, посебно што претходно веќе го „видоа“ триумфот.
Шефот на стручниот штаб, Јетон Беќири, очекувано е разочаран по вчерашното реми, но ја прифати одговорноста и им се извини на навивачите.
„Тешкo е да се коментира еден ваков натпревар, бевме многу блиску до победа, но на крајот излезе дека останавме многу далеку. Сакам да им се заблагодарам на навивачите и да им се извинам. Овој резултат за нас е еднаков на пораз и јас ја преземам одговорноста за ремито. Мислевме дека ја имаме играта под наша контрола, но невниманието во завршницата нѐ чинеше два многу важни бода“, изјави Јетон Беќири.
Сепак, Шкендија веќе гледа кон следниот натпревар, дуелот со Вардар.
„Ќе работиме напорно на тренинзите, ќе ги анализираме грешките, имаме една недела да се подготвиме за следниот натпревар против Вардар. Сѐ уште ништо не е готово, има уште многу да се игра во првенството“, дополни тренерот на Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
