
Македонскиот шампион Шкендија оствари значајна победа, совладувајќи ја романската ФЦСБ со 1-0 на домашен терен и сега со големи надежи патува на реванш во Букурешт, каде ќе се обиде да испише историја. Ниту еден клуб од Македонија досега не успеал да се пласира во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите во актуелниот формат, а пласманот таму би значел обезбедено европско лето.
Тетовци одиграа одличен натпревар и заслужено славеа пред околу 7.000 навивачи на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. По натпреварот, своето мислење го сподели тренерот на тимот, Јетон Беќири.
„Горд сум на момците за нивната пожртвуваност и дисциплина. Имавме моменти кога покажавме преголема респект кон противникот и направивме две грешки кои можеа да нè чинат, но севкупно задоволен сум од борбеноста. ФЦСБ е квалитетна екипа. Ова беше само првиот натпревар, тие сè уште се фаворити. Ние мора да останеме скромни, да ја анализираме играта и во Букурешт да дадеме сè од себе. Гостинскиот натпревар ќе биде предизвик, но не се откажуваме. Фаворитската улога им ја препуштаме на Романците, а ние ќе се обидеме да изненадиме со борбеност и добра енергија. Ако ги искористиме нашите шанси, зошто да не постигнеме историски успех?“, изјави Беќири.
Реваншот ќе се одигра на 30 јуни во Букурешт, а победникот од двомечот ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Шамрок Роверс (Ирска) и Карабах (Азербејџан) во следната рунда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
