
Шкендија оствари огромен успех со триумфот (0-2) против Шкупи на Чаир и значително ги зголеми шансите за освојување на титулата. Тетовскиот тим славеше со головите на Клисман Цаке и на Фитон Адеми, а по завршувањето на мечот доби и аплауз од објективната и коректна публика на Чаир.
Тренерот Јетон Беќири, секако, е задоволен од големата победа, но вели дека има уште два важни натпревари кои треба да се одиграат до конечната цел.
„Пред да навлегувам во техничко-тактичката анализа на натпреварот, сакам да им се заблагодарам на навивачите на Шкупи за тој извонреден гест на крајот од мечот и во текот на целиот натпревар навиваа коректно. За ова сакам да им се заблагодарам од сѐ срце и да се надевам дека на ист начин ќе им се оддолжиме и наредната сезона во Тетово“, истакна Јетон Беќири.
Триумфот на Чаир има огромна вредност.
„Нормално е дека сум задоволен. Тоа беше натпревар на две квалитетни екипи, најдобри во првенството заедно со Струга, а овие натпревари секогаш се под висок притисок и тензија. Задоволен сум од начинот на кој тимот се снајде на натпреварот, и покрај тоа што имаме моменти каде што сè уште не сме Шкендија која јас ја посакувам, но сепак, мислам дека од ден на ден влегуваме во таа играчка филозофија што сакам да ја имаме овде во тимот.
Остваривме тешка победа против ривал кој го нарекуваме „тешка категорија“. Нормално, тоа многу влијае на самодовербата на тимот. Мислам дека ништо не е готово, ни претстојат уште два многу важни натпревари и мораме да бидеме приземни да ги следиме натпреварите еден по друг. Само кога ќе бидеме и математички сигурни, тогаш ќе можеме да зборуваме за постигнување на целта. Имаме уште работа, нѐ очекуваат два многу важни натпревари и на крајот мораме да бидеме внимателни бидејќи имаме израмнети бодови со екипата која е шампион на Македонија“, истакна тренерот на Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski