Македонскиот првак Шкендија утревечер (20 часот) на Националната Арена “Тодор Проески” го пречекува Лудогорец во првиот меч од плејофот во Лига Европа. Тренерот Јетон Беќири вели дека бугарскиот претставник е фаворит на хартија, но Шкендија ќе стори се да забележи успех.
“Ова се важни европски натпревари со квалитетни ривали. Освен можеби ТНС на стартот, сите други ривали се одлични тимови, од сите може многу да научи. Јас суж задоволен како одигра Шкендија, освен веројатно на гостувањето против Карабах. Но, тука немате право на грешки, затоа што секое невнимание и грешка скапо се плаќаат. Што се однесува до Лудогорец, ги скениравме, но и тие имаат многу промени во составот. Во секој случај, бидете уверени дека Шкендија ќе направи се што може за да дојде до позитивен резултат”, изјави тренерот на Шкендија.
Играчот за врска Решат Рамадани истакна дека фудбалерите се подготвени за надигрување.
“Мислам дека сме подготвени. Желбата е максимална, сигурно ќе дадеме и повеќе од максимум. Го анализиравме Лудогорец и подготвени сме за надигрување”, изјави Решат Рамадани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













