Фудбалерите на Шкендија утре во Разград ќе го одиграат реваншот од плејофот за влез во групната фаза на Лига Европа против бугарскиот шампион Лудогорец. Првиот меч во Скопје заврши со победа на тетовци (2-1), па македонскиот шампион отпатува со оптимизам, но и со почит кон противникот.
Тренерот Јетон Беќири нагласи дека клучно ќе биде тимот да игра дисциплинирано:
„Во текот на мечот има различни моменти – не можеш цело време да бидеш офанзивен или дефанзивен. Ќе се обидеме да бидеме компактни и да ги искористиме шансите што ќе ни се укажат. Лудогорец е силен ривал, со големо искуство во Европа, но фудбалот е убав токму затоа што не секогаш фаворитот победува.“
Тој додаде дека Шкендија веќе обезбеди настап во Лигата на конференции, но целта е да се направи чекор повеќе.
„Немаме што да изгубиме, само можеме да добиеме. Ако одиграме на наше ниво, можеме да обезбедиме историја и пласман во Лига Европа.“
Напаѓачот Лиридон Латифи вели дека тимот работел напорно цела недела за позитивен резултат.
„Ние не сме под притисок, повеќе е на страната на Лудогорец. Победивме 2-1 во првиот меч и верувам дека можеме повторно да изненадиме. Сме подготвени, особено на прекините каде што гледаме шанса.“
Реваншот се игра утревечер од 19:30 часот на „Хувефарма Арена“ во Разград.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













