
Дејвид Бекам му дал понуда на Кристијано Роналдо да се пресели во МЛС – лигата на САД и да го облече дресот на Интер Мајами. Популарниот Бекс дал се од себе за да го убеди Роналдо дека вреди да ја продолжи кариерата во САД.
Претходно, „ЕСПН“ напиша дека ниту еден од водечките клубови во Европа не е заинтересиран за 37-годишниот напаѓач. Дури и ако Манчестер Јунајтед му дозволи на Португалецот да си замине како слободен играч оваа зима, тој тешко дека ќе најде тим од Стариот континент кој одговара на неговото ниво и на финансиските барања.
Ова ја прави релевантна опцијата со Интер Мајами. Фудбалот во САД добива на популарност, а сигурно дека евентуален трансфер на Роналдо би бил вистинска „бомба“ дури и за американски услови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal