Бразилецот Марсело ќе го напушти Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, а негова следна дестинација треба да биде МЛС – лигата на САД. Тој доби повик од поранешниот клупски соиграч Дејвид Бекам, кој сега е алфа и омега на Интер Мајами, клубот кој се обидува да се наметне во американската фудбалска лига.
Левиот бек не е во прв план кај тренерот Зинедин Зидан, многу често е повреден, а сакаше да замине и минатиот преден рок. Се чини дека сега ниту Реал Мадрид нема да прави никаков проблем, затоа што Марсело заработува вкупно преку 15 милиони евра годишно во „кралскиот клуб“.
Марсело одигра преку 500 натпревари во дресот на Реал Мадрид, освои 22 трофеи и потребен му е нов предизвик. Интер Мајами од позвучните имиња ги има Гонзало Игуаин, Блес Матуиди и Рајан Шоукрос, а Марсело би бил огромно засилување и на теренот, но и за клупскиот маркетинг.
Реал Мадрид е во преговори со Давид Алаба од Баерн Минхен кој по завршувањето на сезоната би требало да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













