Connect with us

Бекали по елиминацијата од Шкендија: Пет месеци нема да зборувам за фудбал, срам ми е!

Газдата на романскиот ФЦСБ, Џиџи Бекали, познат по гласните и често контроверзни изјави, овојпат доживеа вистински шок. Пред реваншот против македонскиот шампион Шкендија, самоуверено најавуваше лесна победа и пласман во следната рунда од квалификациите за Лигата на шампионите. Но, фудбалот повторно покажа колку знае да биде непредвидлив. Овојпат му тресна силна шлаканица.

Шкендија приреди сензација во Букурешт, совладувајќи го фаворизираниот романски тим и избори пласман во третото квалификациско коло. По поразот, Бекали не можеше да ја сокрие фрустрацијата и најави повлекување од јавните настапи.

„Му честитам на противникот. Од денес, престанувам да зборувам за фудбалот. Следните три, четири, пет месеци нема да ме чуете. Срам ми е од резултатот. Не ме барајте, нема да давам изјави. Морам веднаш да ја затворам устата“, изјави видно разочараниот Бекали.

Шкендија, која со оваа победа ја зголеми својата европска репутација, во следната рунда ќе се соочи со Карабах од Азербејџан, кој го елиминираше ирскиот Шелбурн. Шампионот на Азербејџан веќе на 5 август гостува во Македонија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови