Connect with us

Бејтулаи: Шкендија сака победа на Чаир

Шкендија гостува на Чаир во дербито на колото. Шкупи е лидер на табелата и ќе биде есенски првак, а за тетовци ова е шанса да се доближат бодовно и да се вратат сериозно во трката за шампионската титула.

Капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи, вели дека Шкендија е подготвена за надигрување и посакува триумф на Чаир.


„Ние како тим си ги поставивме нашите цели кои мора да ги постигнеме. Во последните два натпревари кои остануваат до крајот на 2021 година, мораме сите да дадеме максимум. И против Шкупи верувам дека можеме да оствариме победа. Тоа е голем предизвик за нас и ние сме подготвени. Сакаме да ја завршиме есенската полусезона што поблиску до првото место. Ќе биде неизвесен дуел, свесни сме за тоа, но веруваме во нашите квалитети“, порача капитенот на Шкендија.

Влезот за навивачите на Чаир е слободен, а Шкупи ги покани и фановите на Шкендија да присуствуваат на дербито.

Во Штип, интересен дуел ќе имаат Брегалница и Работнички, а Струга Трим Лум ќе гостува на Автокоманда против Скопје.

Ренова во Тетово е домаќин на Тиквеш, додека Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе го пречека составот на Академија Пандев. Пелистер се уште е во потрага по првата победа, а денеска ќе го нагости Борец.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО (13 часот)

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ

ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ

МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

РЕНОВА – ТИКВЕШ

СКОПЈЕ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови