
Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 48 часа пред историскиот прв натпревар на европските првенства. Прв ривал е Австрија, а потоа ќе следат и мечевите со Украина и со Холандија. Дефанзивецот Егзон Бејтулаи вели дека „црвено-жолтите“ се подготвени за надигрување со ривалите.
„Среќни сме што сме дел од Европското првенство. Тоа е и голема обврска, да одиграме најдобро што можеме и да стигнеме до позитивен резултат. Ги одбројуваме часовите до првиот меч против Австрија и максимално сме мотивирани. Верувам дека ќе продолжиме со добри игри и на ЕВРО“, вели Бејтулаи.

Тој е подготвен за надигрување со најдобрите европски офанзивци.
„Ривалите имаат добри напаѓачи, но и ние имаме добри дефанзивци. Притисокот е голем, но ние како фудбалери сме научени да се носиме со предизвикот. Веруваме дека Македонија може многу на ова првенство“, истакна Бејтулаи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal