Connect with us

Бејл се истакна: Видов вонземјани

Велшкиот интернационалец Герет Бејл можеби не е комплетно фокусиран на фудбалот, но затоа има интересни ставови за други општествени теми. Стана хит со изјавата дека самиот видел вонземјани и дека тие постојат на планетата, но некој ги крие.


„Бидете уверени дека имам видено вонземјани со мои очи. Постојат многу теории на заговор, но знам дека постојат и релевантни снимки и фотографии од НЛО. Тоа впрочем го објавија властите на САД и не се лажни вести. Сигурен сум дека постојат вонземјани и некој ги крие од обичните луѓе. Но, јас ги видов“, изјави Герет Бејл.


Велшанецот по завршувањето на сезоната со Тотенхем треба да се врати во Реал Мадрид и да одработи уште една година од договорот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови