Францускиот весник „Л’Екип“ ги рангираше најплатените играчи и тренери на клубовите во Премиер лигата. Играчот за врска на Тотенхем, Герет Бејл, кој игра на позајмица од Реал Мадрид, добива најмногу меѓу играчите во англискиот шампионат – 2,5 милиони евра месечно.
Следуваат голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа (1,85 милиони евра), играчот за врска на Манчестер сити, Кевин де Бруин (1,58 милиони евра), крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг (1,48 милиони евра) и играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба (1,43 милиони евра).
Најплатен тренер во Премиер – лигата е Пеп Гвардиола, кој седи на клупата на Манчестер Сити (1,89 милиони евра). Второто место го делат менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо и Јирген Клоп од Ливерпул (1,42 милиони евра).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













