
Герет Бејл постигна хет – трик, прв за Тотенхем по декември 2012 година, а потоа и го ‘пецна’ индиректно поранешниот менаџер Жозе Мурињо. Велшанецот објасни дека Тотенхем си го вратил својот стил на игра во претходните неколку меча, а тоа му дава простор да игра многу послободно.
„Ние конечно се вративме на стариот стил на игра на Тотенхем и тоа е заслуга на тренерот. Сега е за очекување да даваме голови. Работиме веќе неколку седмици на овој стил на игра. Мене ми беа потребни неколку натпревари во првиот тим за да можам да го дадам најдоброто“, изјави Герет Бејл по триумфот од 4-0 над Шефилд Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal