Работнички ја пречекува Беласица во 26.коло од Првата лига, а новиот тренер Баже Лазаревски верува дека тимот може денеска да ја оствари првата победа под негово раководство. По ремито против Македонија ЃП, „романтичарите“ сметаат дека е време за триумф.
„Тимот се консолидира по неуспесите, ремизиравме против Македонија ЃП во Ѓорче Петров во минатото коло, а сега посакуваме да одиме напред и да оствариме триумф против Беласица. Играме на домашен терен и ќе сториме се за да ги освоиме трите бода. Го респектираме противникот максимално, но овој Работнички има квалитет и тоа ќе го докаже на натпреварите што претстојат“, вели Баже Лазаревски за официјалниот сајт на клубот.
Марјан Ецковски од Охрид ќе биде главен судија на натпреварот кој почнува од 15.30 часот. На останатите мечеви се среќаваат: Академија Пандев – Шкендија, Ренова – Шкупи, Победа – Вардар и Силекс – Македонија ЃП.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski