
Баже Лазаревски е изборот на раководството на Работнички за нов шеф на стручниот штаб на „романтичарите“, откако во текот на вчерашниот ден оставка од тренерската функција си поднесе Жикица Тасевски. Лазаревски е координатор на младинската школа на Работнички, долг период работи со младинската академија, a сега ќе добие шанса и со првата екипа на поранешниот шампион.
Од управата на ФК Работнички информираат дека асистенти на Лазаревски, кој ќе остане на клупата најмалку до крајот на сезонава, ќе бидат Томислав Франц, Славчо Георгиевски и Драги Атанасовски.
Баже Лазаревски ќе дебитира на клупата на „романтичарите“ на неделниот натпревар против Македонија ЃП.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
