Теренот на ФК Башкими 1947 е суспендиран поради влетување на навивач на терен на мечот против Каменица Саса. Кумановци се во очекување на одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ околу казната за инцидентот.
Претседателот на Башкими, Арменд Дестани вели дека целиот натпревар минал во максимално коректна атмосфера, со мал инцидент на крајот, за што потврда се и изјавите на гостите по мечот, поради што очекува коректна одлука на Дисциплинската комисија.
„Во очекување на одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ околу инцидентот на натпреварот меѓу Башкими и Каменица Саса, раководството на Башкими остро се спротиставува на сите информации дека во Куманово имало насилство. Ние имаме видое запис од самиот натпревар, но и изјави од претставници на гостите дека пречекот, самиот натпревар и испраќање на сите гостински играчи како и службените лица било максимално коректно. Затоа очекуваме дека Дисциплинската комисија нема да потпаѓа на некои злонамерни пишувања кои преувеличија еден мал инцидент кој немаше никаква врска со инцидентот кој се случи во Тетово меѓу Тетекс и Саса. Ние силно веруваме дека Дисциплинската комисија на ФФМ ќе донесе праведна одлука, и дека нема да забрани нашите навивачи, кои секогаш ги имаме во голем број, да го следат во иднина својот клуб. ФК Башкими гарантира дека на следните натпревари како домаќин организацијата на натпреварите ќе биде на највисоко можно ниво, како што беше претходно против Охрид, Беласица и против Победа“, изјави првиот човек на Башкими, Арменд Дестани.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski