Новиот прволигаш Башкими е првиот тим кој успеа да го сопре Силекс. Кратовскиот состав досега имаше максимални пет победи, но денеска загуби со 2-1 од расположениот Башкими кој ја имаше и поддршката од кумановската публика. Емануел Аворнио во 21.минута го доведе Башкими во водство, а Филип Алексовски со прекрасен гол зголеми на 2-0 во 53.минута.
Башкими остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Фисник Зука во 60.минута, а само три минути подоцна Мигел Пиреш успеа да постигне гол за надеж за Силекс. Сепак, домаќините беа фанатично борбени и успеаја да ги освојат трите бода.

Фото: ФФМ
Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП е многу посилен тим и тоа го почувствува Брера која загуби со 2-0.
Симеон Христов беше стрелец на водечкиот гол за „лавовите“ во 17.минута, а работата на домаќинот беше олеснета во 63.минута, кога Брера остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Варсама Хасан.
Мартин Талаков во 72.минута го постави конечниот резултат, погодувајќи вторпат зад грбот на Славе Вргов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













