Башкими продолжува со одличниот старт во Првата лига, остварувајќи ја својата четврта победа сезонава. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, новиот прволигаш го совлада Пелистер со 1-2 и со тоа се искачи на петтото место со 13 освоени бода по седум кола.
За Пелистер тоа е ново разочарување пред домашната публика, оставајќи ги битолчани со само шест бода и на осмата позиција.
Недим Хаџиќ беше главен човек на теренот – босанскиот интернационалец постигна два брзи гола во петтата и 19. минута за водство од 0-2 за Башкими.
Во 55.минута, пенал за Пелистер, но Ристевски не беше успешен реализатор. Голманот Јашар го одбрани неговиот удар од 11 метри.
Стефан Спировски во 65. минута донесе малку надеж за домаќините со погодокот за 1-2, но Пелистер не успеа да израмни и бодовите останаа за гостите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













