Повратникот во македонската елитна лига, Башкими, продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона. Од вечерва, нов член на кумановскиот тим е 26-годишниот Абдулхади Јахја, кој доаѓа од редовите на Воска Спорт.
Јахја, роден во Охрид, зад себе има богато домашно искуство – покрај Воска, има настапувано и за Струга Трим Љум, Еуромилк, Шкупи, како и за младинскиот тим на Вардар. Се работи за фудбалер кој главно дејствува на десната бековска позиција, но со ист успех може да игра и по десната, па дури и по левата крилна позиција.
Со оваа аквизиција, Башкими добива нов квалитен играч во ростерот, а Јахја нова можност да се докаже на прволигашката сцена. Клубот од Куманово сериозно се засилува и испраќа јасна порака – нема да биде само турист во Првата лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













