Атлетико загуби од Челси во осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите (0-3 вкупен резултат) и го заврши настапот во елитното европско клупско натпреварување. Поради раната елиминација на мадридскиот тим, Барселона нема да ги добие двата милиона евра кои беа предвидени како бонуси во зделката за трансфер на напаѓачот Луис Суарез.
Уругваецот се приклучи на Атлетико Мадрид минатиот септември. Каталонците добија пет милиони евра како фиксна сума, а други шест милиони беа обезбедени во форма на бонуси. Два од нив беа награда за евентуален пласман на Атлетико Мадрид во четвртфиналето во Лигата на шампионите оваа сезона.
Два милиона евра каталонскиот клуб добива за 20 натпревари на Суарез во Ла Лига оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













