
Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) ја објави листата за најдобар УЕФА клуб на деценијата, од 2011 до 2020 година.
Барселона е на чело на ранг – листата, односно е прогласен за најдобриот клуб на декадата. Каталонците остварија тесна „победа” од само пет поени пред нивниот најголем ривал, Реал Мадрид.
Изненадувачки е фактот што токму Реал има освоено четири титули од Лигата на шампиони оваа деценија, во споредба со оние две на Барса. Сепак, најголема улога игра доминацијата на тимот од „Камп Ноу“ во Ла Лига, при што во периодот од 2011 до 2020, тие освоија шест титули, а “белите” имаат три.
Како што стои на нивниот официјален сајт, резултатот се добива со собирање на континенталните бодови на секој клуб од секоја од изминатите 10 сезони.
Погледнете ја целосната ранг листа на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика:
10. Арсенал (2,016 поени)
8= Манчестер Сити (2,113 поени)
8= Челси (2,113 поени)
6. Јувентус (2,272 поени)
5. Атлетико Мадрид (2,302 поени)
4. Пари Сен Жермен (2,357 поени)
3. Баерн Минхен (2,594 поени)
2. Реал Мадрид (2,782 поени)
1. Барселона (2,877 поени)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
