
Каталонскиот гигант Барселона сака во јануари да ја привлече ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата. Шпанецот минатото лето потпиша нов едногодишен договор, но оваа сезона играше само трипати.
На „Камп Ноу“, каде сакаа да потпишат со Мата и минатото лето, очекуваат да го земат следниот месец како слободен играч. Каталонскиот гигант се соочува со финансиски потешкотии, па нема да може да си ја дозволи високата плата на 33-годишниот играч за врска, како и да плати трансферна сума. Поради тоа, каталонците ќе побараат од Јунајтед да го раскине договорот со Шпанецот во јануари.
Мата заработува 130.000 фунти неделно, а доколку „црвените ѓаволи“ одбијат да го раскинат неговиот договор, Барселона ќе почека до летото кога ќе му истече договорот за да го ангажира како слободен играч.
Се очекува Барселона да се раздели со некои од своите најплатени ѕвезди, пред се со Френки де Јонг, и затоа Барса бара замена во средниот ред. Други големи имиња кои може да го напуштат шпанскиот тим се Марк-Андре Тер Штеген и Серџињо Дест. Од друга страна, Барселона е во преговори и со Единсон Кавани од Манчестер Јунајтед кој треба да се приклучи во јануари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
