
Раководството на Барселона, откако не успеа да го ангажира Нико Вилијамс, повторно е на почетна позиција во потрагата по засилување на лево крило. Во игра остануваат имињата на Луис Дијаз од Ливерпул и Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, но во фокусот влегува уште една опција – Рафаел Леао.
Португалскиот офанзивец на Милан веќе неколкупати бил поврзуван со трансфер на „Камп Ноу“, а според каталонскиот „Спорт“, можно е токму сега да дојде до реализација. Милан е подготвен да го пушти својот играч за сума од околу 70 милиони евра, сума која е пониска од претходните проценки, поради нешто послабата форма на Леао во изминатите месеци.
Иако Барселона го има Луис Дијаз како приоритетна цел, спортскиот директор Деко сè уште ја разгледува ситуацијата на трансфер-пазарот, а интересот за Леао расте, особено поради тоа што претседателот на клубот, Жоан Лапорта, е голем обожувател на португалскиот репрезентативец.
Сепак, конкуренцијата нема да биде мала – и Баерн Минхен и Челси веќе подолго време го следат Леао и би можеле да се вклучат во трката ако Барса не реагира навреме.
Пред каталонците сега е дилема – да се фокусираат на Дијаз, за кого Ливерпул бара висока сума, или да се обидат да ја искористат поволната ситуација со Рафаел Леао и да го ангажираат играчот што го посакува нивниот претседател.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
