
Барселона е под истрага за можно склучување фиктивен трансфер договор со Атлетико Мадрид, како обид за прикривање на прекршување на забраните поврзани со трансферот на Антоан Гризман во 2019 година. Каталонскиот клуб на Атлетико му платил 15 милиони евра, за тие да не достават докази до РФЕФ, објави „Ел Мундо“.
Судијата кој ја истражуваше трансферната активност на Барселона за време на претседателството на Жозеп Бартомеу одлучи дека трансферот на Гризман треба да биде вклучен во случајот. Судот смета дека каталонскиот клуб го прекршил правилото за директни преговори со играчот без дозвола на неговиот клуб, врз основа на е-пошта испратена за време на тајни преговори. Забраната се применува само ако на играчот му остануваат помалку од шест месеци од договорот.
Судот истакнува дека Атлетико Мадрид поднел жалба пред Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) за контактите на Барселона со Гризман меѓу февруари и март 2019 година, период кога каталонскиот клуб немал право на директни преговори.
„За да избегнат потенцијални санкции од РФЕФ, истражуваните преговарале директно со Атлетико и постигнале спогодба која вклучувала плаќање од 15 милиони евра за да не се достават докази за тековното работење“, се наведува во судската одлука.
„За да се придаде легитимност на плаќањата, бил склучен фиктив договор за право на предност од страна на Барселона за неколку играчи на Атлетико. Овие факти можат да претставуваат кривично дело за лошо управување или финансиска измама“, заклучи судијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal