Connect with us

Барселона сака да го доведе Де Хеа за втор голман следната сезона

Барселона ја разгледува можноста во својот состав да го доведе голманот Давид де Хеа, тврди „Мундо Депортиво“. 33-годишниот голман е без тим од летото кога му истече договорот со Манчестер Јунајтед и не беше обновен. Сега тој може да добие понуда да ја продолжи кариерата во каталонскиот тим.


Де Хеа имаше неколку понуди за продолжување на кариерата, но засега ја одби секоја од нив. Се чини дека тој не брза да избере нов клуб и продолжува да живее со семејството во близина на Манчестер.

Барселона го гледа Де Хеа како одличен избор за втор голман на клубот. Идејата е искусниот Шпанец да биде доведен како алтернатива на стартерот Марк-Андре тер Штеген.

Каталонците се на мислење дека би било добро да имаат поискусен втор голман, иако Игнаси Пења добро се снајде додека Германецот беше повреден. Сепак, останува да се види дали Де Хеа ќе биде заинтересиран да ја прифати понудата на Барселона, знаејќи дека нема да добие голема минутажа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови