
Барселона ќе продаде неколку играчи ова лето, а најприоритетни имиња на трансфер-листата се Филипе Кутињо, Миралем Пјаниќ и Самуел Умтити.
Кутињо е едно од најголемите промашувања во трансферната историјата на Барселона. Тој беше платен 135 милиони евра, тој е најскапиот фудбалер во историјата на клубот, а минатата сезона одигра само 792 минути.
Постои можност Кутињо да се врати во Ливерпул. Имено, Барселона се обврза да го плати на рати Кутињо и се уште ја нема платено последната рата вредна околу 50 милиони евра. Со оглед дека Барса се наоѓа во големи финансиски проблеми, каталонскиот клуб му испрати на Ливерпул понуда да го врати Кутињо под услов англискиот клуб да ја прости последната рата за уплата.
Пјаниќ пристигна во Барселона од Јувентус минатото лето, но на „Камп Ноу“ беше во втор план и сега каталонскиот клуб сака да се ослободи од него. Босанскиот фудбалер се поврзува со Јувентус и со Челси. Умтити не е стандарден во одбраната веќе три сезони и сега сака да го смени клубот за да има поголема минутажа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
