
Раководството на Барселона размислува за чуден потег. Шпанскиот гигант има намера да раскине еден од своите најцврсти договори, со техничкиот спонзор на клубот „Најк“.
Двете страни соработуваат од 1998 година, но од централата на каталонците сметаат дека е време за промена. Сепак, тоа нема да ги чини малку Шпанците, бидејќи договорот на „Најк“ со клубот е до 2028 година.
Во партнерството кое трае четвртина век, американскиот гигант за спортска опрема произведе неколку иконски дресови на Барселона кои ќе останат во историјата најмногу поради нивната поврзаност со големиот успех на Каталонците во тој период.
Сепак, според медиумите во Шпанија, Барселона размислува да го смени снабдувачот на опрема и да оствари соработка со германскиот концерн „Пума“.
Германскиот бренд презеде сериозни чекори за да ја обнови својата клиентела, откако во последните години успеа да привлече фудбалски ѕвезди како Антоан Гризман, Хари Кејн и други.
Од големите клубови, „Пума“ има соработка со Манчестер Сити, Милан и со Борусија Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
