
Раководството на Барселона размислува за доведување на фудбалерот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз. Остварени се првични контакти со италијанскиот клуб, пренесуваат каталонските медиуми.
Сепак, преговорите не сè уште почнати. Барса верува дека би било тешко Руиз да му се приклучи на клубот ова лето, бидејќи Наполи би го продал само за сума од 50 милиони евра. Познато е дека тимот од “Камп Ноу” се бори со финансиски проблеми и досега сите засилувања во летниот преоден рок се слободни агенти.
Но, ова не е прв пат Шпанците да бидат поврзани со 25-годишниот фудбалер. Тие исто така беа заинтересирани за него кога на кормилото беше Кике Сетиен. Инаку, за време на изминатата сезона, шпанскиот репрезентативец одигра 43 натпревари за составот од Неапол, забележувајќи четири погодоци и една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
