
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски повторно е на дневен ред во Барселона. Неговото име се споменува како една од опциите за втор голман за следната сезона, заедно со Давид де Хеа, кој во моментот е слободен агент и без клуб.
На Димитриевски во јуни му истекува договорот со Рајо Валјекано, а „Мундо Депортиво“, еден од највлијателните медиуми во Каталонија и во Шпанија, го советува раководството на Барселона да размисли за ангажман на Столе Димитриевски како многу сериозна опција.
Македонецот и во 2022 година беше кандидат за трансфер во Барселона, но тогаш Нето одлучи да остане во клубот и зделката пропадна.
Сега е речиси подеднаква ситуацијата со Ињаки Пења, кој најверојатно ќе замине од клубот по завршувањето на сезоната.
Столе Димитриевски и оваа сезона е еден од најдобрите голмани во Ла Лига. Тој се наоѓа на третото место во шпанското првенство по бројот на натпревари без примен гол, со девет мечеви со „чиста мрежа“, зад Унаи Симон од Атлетик Билбао и зад Алекс Ремиро од Сосиедад.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
