Connect with us

Барселона потврди дека го купи Жул Кунде од Севилја

Барселона и официјално потврди дека постигнала договор со Севилја за трансферот на Жул Кунде. Трансферната сума ќе биде во висина од 50+10 милиони евра. Половина од бонусите ќе бидат лесно остварливи.


Каталонците се бореа со Челси за потписот на одличниот дефанзивец, а пресуди желбата на играчот да игра на „Камп Ноу“. Тој ќе потпише петгодишен договор со својот нов клуб.

Кунде дојде во Севилја од Бордо за 25 милиони евра. Тој беше дел од репрезентацијата на Франција за минатогодишното Европско првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови